Еднаквост, слобода, човекови права, поделба на власта, слободни и фер избори, политички плурализам, владеење на правото и фер судење, мнозинско владеење и малцински права, посредно и непосредно учество на народот, тоа се само дел од основните принципи на демократијата.

Она што го има демократијата како фундамент е нешто што на граѓаните им дава можност да се почувствуваат моќни. Моќни при кревањето на нивниот глас, моќни за време на избори, моќни во јавните критики.


Денес е 15 септември, Меѓународниот ден посветен на демократијата. Денес е денот кога треба сите да се запрашаме: на кое ниво на демократската скала се наоѓаме и што треба ние како млади луѓе да направиме за да искачиме уште некое скалило нагоре.

Да се бориме демократски за демократијата. Честит 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата, порачаа од УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.