👁️  208

Душата ќе му ја извадат на тој што ќе и го смени името на Република Македонија, гласи изјавата на Стево Пендаровски, актуелниот шеф на државата Република Македонија со сменето име и придавка Северна и потенцијален кандидат за втор мандат.

Изјавата е од времето кога и бившиот премиер Зоран Заев се колнеше во своите патриотски корени и бараше да не му се чепка во жицата.

Заев велеше дека „и живи луѓе ќе јадеме кога ќе дојдеме на власт“, но никогаш не рече дека ќе им ја вадат душата на „тие што ќе го сменат името“, туку со ситно пазарџиска иронија велеше „го донеле Заев да го смени името, ајде мајката“.

Сега и Пендаровски, но и Заев, се споменуваат меѓу можните кандидати од редовите на власта за шеф на државата со сменето име.

На пролет се изборите и време за пророштвото на Пендаровски „за вадење на душата“ на тие што и го смениле името на државата.

Видеото може да го отворите ТУКА.

(Д. Г.)