Во вестите на хрватската телевизија RTL е објавен извештај кој ги вознемири гледачите и туристите, а сведочи за појавата на голема бела ајкула во Медитеранот, поточно во Италија.
Како што објави водителката на вестите, големата бела ајкула, која се смета за најопасен вид ајкула, не е честа појава во Медитеранот. Сепак, сега има официјално видео од оваа неверојатна ајкула како плива во водите на Италија, поточно покрај брегот на Сицилија.
Velika bela ajkula snimljena na Mediteranu 🤯😱 pic.twitter.com/niSonusWHd
— maja_puric (@puric_maja00) June 9, 2026
Неверојатните сцени биле снимени од волонтери нуркачи кои во тој момент работеле под вода, вадејќи рибарски мрежи од бродоломот. Оваа неочекувана средба со морскиот предатор се случила на импресивна длабочина од 40 метри.
Дирк Ремерс, нуркачот кој успеа да го сними сето ова, ги сподели своите впечатоци од настанот:
„Рацете ми трепереа. Бевме шокирани и воодушевени во исто време“, рече нуркачот.
Според телевизискиот извештај, се верува дека ова е првата подводна снимка од возрасна голема бела ајкула во Медитеранот некогаш снимена. Иако звучи застрашувачки, исходот од средбата бил сосема мирен, при што ајкулата само еднаш ги обиколила, а потоа продолжила понатаму. Како што на крајот велат нуркачите, големата бела ајкула воопшто не изгледала агресивно.








