👁️  1531

Турските медиуми јавуваат дека уште еден напад се случил во Истанбул.

Според турскиот весник „Хабарерк“, нападот се случил на метро станицата Шишхане во Истанбул. Според турскиот весник, полицијата ликвидирала едно лице.

По инцидентот граѓаните се засолниле во околните дуќани.

Според медиумите, еден од трговците рекол дека се слушнале околу 100 истрели и дека тоа траело една минута.

Денеска претходно во голема експлозија во Истанбул  шест лица го загубија животот, а 53 се повредени, според последните информации.