(Видео) Насилници удираат и тепаат момче, му бараат пари и снимаат додека тоа залудно ги моли да го пуштат

Српските медиуми објавија ново вознемирувачко видео од насилство, поставено на социјалните мрежи. На снимката се гледа како неколкумина удираат и малтретираат младо момче поради наводен долг.

Перитоа, тие го удираат по главата, грбот, рацете и нозете. Иако момчето упорно ги моли да го пуштат и да не го повредуваат, насилниците не престануваат.

Тој се обидува да си го заштити лицето со раце, но ниту тоа не му го дозволуваат.