👁️  1608

Македонскиот борец Горјан Славески продолжува со успесите и победите, во рамките од БКФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship) ја оствари и третата победа во борбите без ракавици.

Во Монтана (САД) во 29 издание нашиот Славески славеше победа против Далас Дејвидсон.

Претходно во БКФЦ триумфираше над Џастон Стилс во Флорида (САД) и против Русинот Рамал Аманов во април годинава.

Славески е инаку носител на европската титула од УБФ (Универзална Боксерска Федерација), а лани во Германија победи и во супер средна категорија до 76 килограми.– Аутсајдерот на годината. Пак сомневајте се во мене – стои во објавата на Славески на Инстаграм.

Сите борби од најновиот настан можете да ги погледнете на видео записот ТУКА. Борбата на Славески против Дејвидсон е од 02:07:15