ВИДЕО: Мајмун снимен на покрив од куќа во Белград

Српските портали објавија видео на кое се гледа мајмун на покривот на куќа во, како што велат, белградската населба Карабурма. Видеото вчера првпат го објави Инстаграм страната мој-бео-град.

Не е јасно како мајмунот завршил на слобода. Тоа е мајмун од родот макаки. Постојат дваесет и три видови макаки кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

View this post on Instagram

На снимката се слуша гласот на една личност која вели дека на мајмунот му дала чоколадо и јаболка, кои животното ги земало и потоа повторно побегнало.

Засега не е познато што се случило со животното откако било снимено.