Сообраќајните камери снимиле неверојатна сцена на патот покрај индискиот национален парк Казиранга.
Патот е прошаран со сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината бидејќи животните го минуваат патот, но еден велосипедист на своја кожа искусил дека жртви може да бидат и луѓе.
Имено, додека возел по патот, леопард излетал од шумата, го нападнал и веднаш истрчал назад во шумата. Сè се случило со молскавична брзина, па велосипедистот не можел да реагира, но изгледа дека се спасил без сериозни повреди.