👁️  1384

Противниците на Парадата на гордоста, се собраа на централните улици на Белград при што имаше одделни инциденти со полицијата.

Псовки и навреди, фрлање со предмети…

Еден од нив го украл ЛГБТ знамето, поради што полицијата го привела.Во близина на српското Собрание имаше и судири меѓу противниците на Прајд и полицијата. Незадоволниот монах Антоније прво бил одвоен од толпата, а потоа одведен во полициска станица, јавуваат медиумите.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Според известувачот на агенцијата Бета, полицијата ги блокирала сите улици во тој дел од градот. Група од триесетина луѓе се собра сега на улицата Таковска. Тие носат икони, крстови и знамиња со ликот на Исус Христос, а нивното движење е блокирано од поголема група полицајци во опрема за немири.

Од синоќа на улиците се распоредени припадници на МВР, а долж Булеварот „Крал Александар“ е поставен полициски кордон.

Најмалку 3.000 полицајци се задолжени за обезбедување на денешната прошетка на Еуропрајд.

Освен полицајците на улиците и во деловите од градот каде што ќе се движи поворката Прајд, значително поголем ќе биде и бројот на ангажирани припадници на безбедносните сили во униформа или цивилна облека – вкупно околу 6.000 луѓе.