Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Вражани и Моране, општина Зелениково,го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.
Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода.