Натпреварот помеѓу Чукарички и Партизан беше прекинат во 17. минута поради фрлање факели на теренот.
Тоа беше четврти прекин во низа од страна на Гробарите, па судијата Милан Митиќ реши да го прекине натпреварот и да ги испрати играчите во соблекувалната додека не се испразни трибината со жестоки поддржувачи на црно-белите.
Набрзо интервенираше жандармеријата и секторот каде што биле сместени Гробарите да биде испразнет. Следеа болни сцени и конфликт меѓу полицијата и навивачите на трибините на стадионот на Баново брдо.
Полиција креће у пражњење трибине! 🤮#partizan #fkpartizan #fcpartizan #domacifudbal #grobari #grobarijug pic.twitter.com/mH7illTHOp— Partizan.net (@PartizanNet) April 11, 2023








