👁️  6711

Во центарот на градот на ул. Македонија, утрово во 10.45 часот извршено е апсење на лице од страна на полициски сили во цивилна облека, под претпоставка за употреба на огнено оружје од страна на полицијата.

Се претпоставува дека лицето кое беше приведено од тројца полициски службеници во цивил е опасно и истото може да возврати со оган кон полицијата. Поради заштита на идентитетот на полициските службеници како и на уапсениот, нивните лица на видеото и фотографиите се замаглени.

Инаку, веднаш по апсењето на лицето во центарот на градот беше забележано зголемено полициско присуство, како во цивил така и во униформа, пренесува Слободен печат.