👁️  4219

Гранит Џака не може, а да не биде во центарот на вниманието кога играат Србија и Швајцарија. Фудбалерот на Арсенал предизвик инцидент и на денешниот дуел, кога се фати за половиот орган довикувајќи нешто кон клупата на Србија.

Резервните фудбалери на Србија го забележаа тоа, па буквално цела клупа скокна и сакаше да влезе на терен да се пресмета со Џака, кој се повлече.

Селекторот Стојковиќ излета на теренот за да ги смири своите фудбалери и да ги врати на клупата, а Џака повторно беше во центарот на вниманието и во судиското продолжение, кога за малку ќе дојдеше до тепачка во која уште еднаш беше вклучен истиот фудбалер.

Непримерен гест имаше и српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.