👁️  6606

Една девојка нашла начин како да му помогне на својот сакан додека тој бил во голема неволја.

Интересна и изненадувачка сцена била забележана во една борба на популарни кечери.

Иако е познато дека борбите во американско борење се наместени, сепак овој „спорт“ е исклучително популарен.

Борбите се лажни, а единствената цел е да се направи добро шоу за гледачите.

Популарните борачи Џими Лојд и Мет Кардон успеале во тоа, а во истото им помогнала атрактивната девојка на Кардон – Челси Грин.

Лојд и Кардон ги споредиле силите во Чикаго, а згодната Челси направила вистинско шоу среде борбата.

Лојд го претепал Кардон, а потоа Челси нашла начин да му помогне на својот сакан.

Таа пришла до рингот, ја подигнала маицата и му ги покажала голите гради на Лојд. Тој бил во целосен шок, за момент се скаменил, а потоа почнал да се фаќа за главата и не можел да се „освести“.