👁️  5

„Во 8 часот и 45 минути се случила експлозија на резервоар за цемент на улицата Сабачка, Ѕвездара. Повредени нема, но оштетени се возила“, јавува Блиц.

Во тој дел од градот сообраќајот е во прекин.

На видеото што го објави РТС се гледа како целата улица е прекриена со цемент, автомобилите се затрупани со прав, а граѓаните си ги тресат обувките додека минуваат преку цементот.