👁️  747

Руски војник ги фаќа и отфрла бомбите кои му ги фрла украински дрон.

На руските медиуми и социјалните мрежи се шири вакво видео. Првата бомба му паѓа право во скут, ја зема и ја фрла на неколку метри, по што таа експлодира. Потоа уште една му паѓа зад грб, а тој сè уште лежи мирно, ја подава раката, ја зема граната и ја фрла. Неколку моменти подоцна војникот станува од ровот и бега.

Се тврди дека видеото е снимено во украинскиот регион Харков во март. Про-Кремљ блогери го споделуваат видеото како пример за „храброста на руските војници“. Вооружените беспилотни летала играат витална улога во војната во Украина, при што двете страни ги користат за да соберат разузнавачки информации, да го коригираат артилерискиот оган и да фрлаат бомби, пишува Индепендент.

За часа Русија изврши девет ракетни и 37 воздушни и вкупно над 100 напади од повеќецевни ракетни системи, соопшти Генералштабот на Украина.