👁️  369

Новинар на денешната прес-конференција во Владата му даде леб и фискална сметка на премиерот Димитар Ковачевски.

Новинарот кажа дека лебот го купил 10 минути пред да почне прес-конференцијата и му посочи на премиерот дека и покрај владините најави за намалување за цените на основните прехранбени производи, тоа не е сликата на терен.

Ковачевски го зема лебот од новинарот, како и фискалната сметка за да се увери во цената, и му одговори дека и тој истото прашање го поставувал.