Бугарскиот професор Феорги Фотев во разговор за Блумберг ТВ Бугарија тврди дека Република Македонија никогаш не била бугарска.
– Подвлекувам, главниот проблем е во Бугарија. Ние имаме парламентарно претставена партија, која е брутално против признавањето на Македонија. Се тврди дека Македонците се Бугари, дека таа е дел од Бугарија… Тврдат дека нема македонска нација и што сакаме сега ние? И колку од народот знае дека територијата на С. Македонија никогаш, ниту еден ден не била дел од бугарската национална држава, вели Фотев.
Видеото и опширната изјава на бугарски јазик може да го отворите ТУКА.
(Подготви: Д. Г.)