👁️  2322

Таи Емери успешно дебитирала во BKFC рингот (бокс без ракавици), но нејзиниот потег на крајот од борбата ги изненадил сите и 35-годишната Австријка се нашла на насловните страници на спортските медиуми ширум светот.

Емери својата дебитантска борба на Bare Knuckle Fighting Championship на Тајланд го завршила со разорен нокаут против ривалката Рунг-Аруна Кунчаи која ја срушила на подот со прекрасна комбинација на аперкат и кроше.

Сепак, прославата која следела ги оставила сите без текст. Во наплив на емоции таа се качила на јажињата околу рингот и потоа го подигнала горниот дел од спортската опрема и на навивачите им ги покажала своите голи гради.

Видеото може да го погледнете –ТУКА.