👁️  19

Поради недовршени активности на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид првите три натпревари во Ла Лига ги играше на гостински терени, а вчера за првпат се врати на домашен терен и издвои најдраматична победа од стартот на сезоната.

Реал стигна до „четири од четири“ и продолжува со максимални 12 бода како лидер на табелата, а одново одлучувачки за „кралевите“ беше Џуд Белингам.

Најголемото летно засилување има страшна адаптација на шпанскиот фудбал и вчера во 95-та минута го постигна петтиот гол во Ла Лига, кој беше клучен за тесна победа на Реал од 2:1.

Jude has Spanish fans signings HEY JUDE at the Bernabeu, I don’t think I have ever seen a player get this much love this quickly before. What an impact he has had man. We all love him. pic.twitter.com/QlqHlNYwWf

— WolfRMFC (@WolfRMFC) September 2, 2023

Белингам за првпат во кариерата заигра на митскиот „Бернабеу“, а по крајот на мечот откри дека му се треселе нозете по групниот крик на цел стадионот по постигнатиот гол.

– Моментот кога постигнав гол беше најгласното нешто што го имам слушнато на еден фудбалски стадион. Не можев да поверувам што гледам и слушам, – изјави Белингам, за кого фановите на Реал веќе смислија оригинална песна.

– Кога пееја „Еј Џуд“, сакав само да застанам и да ги гледам како го правам тоа, ми се тресеа нозете од возбуда. Знам дека бев купен за вакви моменти и сакам да ги има многу повеќе. Морам да продолжам во овој ритам, – изјави Белингам.