Автомобил вреден 15 милиони евра е уништен по судир што се случи во загребска населба. Италијанското луксузно спортско возило „пагани зонда“ беше дел од настанот „Supercar Owners Circle Croatia 2022“, но за жал, не ги преживеа балканските улици.
На видеото од 15 секунди што го објавија хрватските медиуми се гледа „суперавтомобилот“ како поминува низ населбата, за неколку секунди подоцна да се чуе звук на удар и се гледаат луѓе како трчаат кон местото на несреќата.
U Hrvatskoj uništen superautomobi pic.twitter.com/GYqDzCgURP
— Pluton (@Pluton45873221) September 3, 2022Несреќата се случила околу 17.10 часот во Млинови. Учестуваа две патнички возила. Штетата е само материјална. Постапката е во тек, велат за „Вечерњи лист“ од загребската полиција.