👁️  12

Македонскиот голман Марко Алчевски имаше фантастичен меч за Македонија У21 во победата над Шведска У21 на гостински терен (0-1), а посебно се издвојува неговата парада во самиот финиш од мечот и уште една одбрана со една рака.

Се играше екстра-времето, кога Ераби Јусеф се обиде да погоди со глава по центаршут, ама Алчевски се испружи колку што е долг и го сочува својот гол. Публиката остана со подотворена уста, а од црвено-жолтиот дел на трибините, Алчевски доби аплаузи за одбраната.

Потоа, Швеѓаните имаа уште една шанса за гол откако пак офанзивецот Ераби Јусеф биеше со глава, ама Алчевски изведе нова магија.

Нашиот национален тим победи со голот на Иван Николов во првиот дел од натпреварот. Во следното коло Македонија У21 игра на домашен терен против главниот фаворит во групата, тоа е репрезентацијата на Холандија У21. Мечот е закажан на 12 септември.

Видеата погледнете ги ТУКА