(ВИДЕО) “Волшебниот Глас” Никола Зацески, победник на интернационалниот фестивал Охридски Трубадури, во категорија дебитанти!
Никола Зацески уште еднаш го потврди својот вокален квалитетен, на своето прво учество на фестивал во Македонија од интернационален карактер во конкуренција од 15- есет натпреварувачи ја доби наградата за дебитант на фестивалот Охридски Трубадури.
На фестивалската вечер Никола Зацески настапи со песната “Ни вино, ни солзи” со Музика и текст на Григор Копров и Аранжман на Владимир Дојчиновски -Дојчин.
Никола Зацески – “Драго ми е што оваа година имав можност да дебитирам на Интернационалната вечер од 29-то издание на “Охрид Фест” за поп музика со песната “Ни вино, ни солзи”, со која и освоив “Награда за најдобар дебитант“ на Фестивалот.
Огромна благодарност до целиот тим на овој проект и песна која беше во соработка со Григор Копров и Владимир Дојчиновски Дојчин, сценскиот настап со танц го збогати Наталија Димовска а за мојот изглед и гардероба се погрижи “Бутик Линкести” од Битола.
За секоја моја нова песна се трудам и сакам да биде се подобро и подобро изведена, да внесувам нови работи, додека во овој случај од едната страна беше дебитантската појава за мене на Меѓународен Фестивал, а од друга страна прва соработка со еден од најискусните композитори за поп музика во Македонија и пошироко, Григор Копров.
Сето тоа ја крена мојата инспирација да се направи ова ново парче музика што се надевам ќе ви се допадне.