👁️  26

Осум дена пред почетокот на Европското првенство во одбојка кое ќе се одржува и во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација доби своја навивачка песна.

Првата песна за одбојка во Македонија ја изведува Ламбе Алабакоски. Текстот е на Огнен Неделковски, музиката на Филип Неделковски, а аранжманот на Ангел Ќосев.

За првпат во историјата на независна Македонија, во Скопје ќе се одржи Европско првенство во машка одбојка. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 30- ти август до 6-ти септември ќе биде дом на македонската сениорска одбојкарска репрезентација која очекува силна поддршка од трибините.

Македонија ќе ги пречека репрезентациите на Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка во рамки на групата „Ц“, а одбојкарите очекуваат голема поддршка од трибините. Пејте и навивајте за Македонија.