

Русија рано утрово околу пет часот по московско време започна нов бран напади врз главниот град на Украина Киев. Целта, како и пред осум дена, беше напад на критичната инфраструктура во самиот град.
Нешто пред шест часот се случија првите експлозии во Киев. Според украинските власти, имало вкупно четири во 6:35, 6:45 и 6:58 по локално време. Цел на нападот е железничката станица во Киев, зградата на Укроенерго, а според градоначалникот Виталиј Кличко, експлозијата се случила и во градскиот кварт Шевченков.
pic.twitter.com/vBOyyyUt9b— zoranceran (@zoranceran2) October 17, 2022
Десетици ирански камикази беспилотни летала Шахид-136 беа лансирани во Киев, а украинската армија се обиде да ги собори и запре беспилотните летала камикази, кои го продолжија патот кон нивните цели со низок лет, користејќи оружје од мал калибар, пред се автоматски пушки од земја, од прозорците и покривите на зградите.
На видеата кои се објавени се гледа пукање од земја кон еден од дроновите камикази кои продолжиле со летот кон целта.
pic.twitter.com/KX3tLu1g4y— zoranceran (@zoranceran2) October 17, 2022