👁️  18.769

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседаваше со седницата на Советот за национална безбедност, по што и се обрати на јавноста. Тој изјави дека Америка ќе испрати воена помош на Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Македонија, но и Косово, но не и на Србија.

Она што е важно за нас е дека САД ќе испратат нова транша од воена помош за одбрана од Русија, но и за животната средина, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Македонија, но и Косово, така велат, па се прашувам „што ќе бараат после тоа“. Како што гледате, на оваа листа не е само една земја, а тоа е Србија“, објасни тој.