👁️  47

Силен ветер во Краснодарската област, на југот на Русија, утринава однесе покрив на училиште и повреди 12 ученици, соопшти Регионалното обвинителство.

Во соопштението се вели дека „силен ветер го откорнал покривот“ чии остатоци предизвикале „повреди со различна тежина“ на децата.

Во петокот во целиот регион имаше предупредување за ураган.

Властите соопштија дека истрагата за „почитување на безбедносните стандарди“ во училиштето е во тек.