👁️  26

Лондонски Вест Хем го договори трансферот на Алварез од Ајакс, но мексиканскиот репрезентативец би требало да биде првото од неколкуте засилувања што „чеканите“ ќе ги ангажираат во наредните денови.

Како што информираат британските медиуми, лондонскиот клуб ги интензивирал преговорите со Манчестер Јунајтед за ангажман на двајца фудбалери на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.

Станува збор за двајца играчи на кои Тен Хаг не смета сериозно, па холандскиот стратег ќе настојува да бидат продадени до крајот на преодниот рок за да биде обезбеден буџет за уште едно ново засилување на Јунајтед,