👁️  12

Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја.

На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Велика Британија денес може да се опише како христијанска земја.

Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“.

Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5.

Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот.

Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.