Откако синоќа на „amfAR“ свеченоста во Венеција привлекла големо внимание со изгледот, актерката Мадалина Дијана Гена, приредила уште еден спектакл на премиерата на филмот „Blonde“.

Мадалина на црвениот тепих прошетала во фустан којшто имал посебна симболика и навистина прекрасно ѝ стои.

Поради тоа што филмот е посветен на Мерилин Монро, познатата Романка која со години живее во Италија, се појавила во фустан со ликот на таа актерка.


Тука е и ликот на бунтовниот Џејмс Дин, а оваа ѕвезда во „Версаче“ моделот изгледала како вистинска божица.

Оваа убавица најчесто носи фустани со впечатливо деколте, па ниту вечерта во Венеција не била исклучок.

Кога станува збор за Мадалина велат дека токму таа е најфаталната жена на светот, се согласувате ли и вие со тоа?