👁️  82

Пратеничка од Нов Зеланд поднесе оставка по повеќе обвинувања за кражба во продавници.

Голриз Гахраман од Партијата на зелените наводно три пати крадела од две продавници за облека. Поранешната адвокатка на ОН за човекови права влезе во историјата во 2017 година како прв бегалец во владата на Нов Зеланд. Таа рече дека почнала да се однесува „чудно“ поради стресот. „Изневерив многу луѓе и многу ми е жал“, додаде таа.

Гахраман побегнала од Иран со своето семејство како дете и добила политички азил во Нов Зеланд. Таа денеска поднесе оставка откако на социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа како краде дизајнерска чанта од бутик во Окленд, јавува Би-Би-Си.

فیلم نماینده چپ‌گرای کوردِ پارلمان نیوزیلند در حین دست کجی.@golrizghahraman #چپول_کج_دست pic.twitter.com/pkcNEXTPVB

— اَلــِـیبانی🏳️‍🌈 (@tegiskkeold) January 16, 2024

42-годишната, која не е обвинета за никакво кривично дело, во изјавата рече дека нејзините постапки не биле во согласност со високите стандарди на однесување што јавноста ги очекува од избраните претставници. „Не можам да го објаснам моето однесување бидејќи тоа не беше рационално на никаков начин. По лекарската евалуација сфатив дека не ми е добро“, рече таа и додаде дека не сака да се оправдува.

„Професионалец за ментално здравје рече дека моето неодамнешно однесување е во согласност со стресни настани и поврзано со претходно непризнаена траума“, рече таа. Еден од лидерите на Партијата на зелените, Џејмс Шо, реагирајќи на нејзината оставка, рече дека Гахраман била изложена на закани за сексуално насилство, физичко насилство и смртни закани од денот кога била избрана во парламентот.

Гахраман претходно зборувала за злоупотребата што ја доживеала на интернет и во живо, врз основа на нејзиното иранско наследство, пол и јавни ставови за различни прашања.

„Поради некои закани на интернет, морав да носам безбедносен аларм и да имам придружба на пат кон парламентот и назад“, изјави таа за националната телевизија ТВНЗ во 2021 година. Таа неодамна доби критики за нејзиното учество во пропалестинските протести и за нејзиниот негативен став кон израелските воени акции во Газа.