Поради поплавите во регионот Тесалија, привремено е затворен дел од автопатот Солун –Атина пред Катерини, сообраќајот е во прекин во правец кон грчката метропола, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираа дека автопатот е затворен од синоќа по полноќ, а прекинот ќе биде сè додека не се нормализираат условите за сообраќај.