👁️  96

Во интервју во емисијата „Слободен печат“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска зборуваше за евроинтегративниот процес и потребата од усвојување на уставните измени.

Василевска смета дека уставните измени и внесувањето на Бугарите е закана за македонската нација, додавајќи дека поставеноста на ЕУ е комплексна, но и дека внатре во Унијата, симпатиите се повеќе кон Македонија отколку кон Бугарија.

-Кога разговарам со нашите европски партнери, тие воопшто не се среќни од начинот на кој нивните бугарски колеги, нашите соседи, се однесуваат кон Македонија и македонскиот народ. Многу е комплексна целата поставеност на Европската унија, но таму симпатиите се повеќе на страна на Македонија отколку на страна на Бугарија, рече Василевска.

Таа додаде дека евроинтеграциите и се потребни на државата и дека на граѓаните им треба вистинска политика, а не популизам.

-Евроинтеграциите се важни ако имаме реален правосуден систем ако имаме професионална администрација, ако им дозволиме на уметниците да бидат уметници, политичарите да бидат политичари, докторите да бидат доктори итн. Тоа се европски вредности, посочи Василевска.