👁️  33

Запленти компјутери и документација од клиниката за онкологија, претреси и во приватни станови. До доцните ноќни часови, обвинителите и полицијата вршеа претреси како дел од предистрага за кражба на лекови на оваа клиника. Од ОЈО соопштија дека се собира доказен материјал од што ќе зависи дали ќе има истрага .

„ Беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело.“ – велат од ОЈО.

Од раковдоството на Клиниката за онокологија за ТВ 24 кратко велат дека соработуваат со истражните органи и не можат да коментираат бидејќи во тек се истражни активности.

ТВ 24 го исконтактира и поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев. Потврдува дека во неговиот мандат се случиле две кражби на лекови за што институциите биле уредно известени и кражбите биле пријавени. Вработените во Клиниката кои учествувале во кражбите биле суспендирани од работа.

„ Во време на мојот мандат кој беше во заедништво со тогашниот организациски директор Нехар Нухи сме пријавиле две кражби на лекови и истите кражби беа уредно пријавени до надлежните институции. Вработените кои учествуваа во кражбите на лекови беа мандатно отстранети од работните места – односно 6 месеци беа суспендирани од работа.“ – вели за ТВ24, поранешниот директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

На прашање дали во негов приватен стан синоќа влегла полицијата и обвинителите, екс директорот водзржан, вели дека не може да коментира.

Според информациите тој и други лица не е исклучно дека биле повикани на клиниката за време на претресите. Васев поденсе оставка на барање на екс министертот за здравството Беком Сали откао било побарано да се изнајде решение за состојбите на онокологија.

„ Токму онокологија е една од најзадолжените здравствени институциите во државата . На новата должничка листа од Министерството за финансии, според висината на долгот Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се наоѓа на високото деветто место од вкупно 900 државни институции кои пријавиле долгови.“

Онкологија, само во првата половина од годината пријавила доспеани а не платени долгови од скоро 9,2 милиони евра и уште 5,6 милиони евра за обврски кои допрва доаѓаат за плаќање.