Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска остро го осуди нападот врз косовската полиција.
– Насилството треба веднаш да прекине, напиша Вархеји на Х.
Тој изрази сочувство до семејствата на загинатиот полицаец и посака побрзо закрепнување на повредениот.
– Ја поддржуваме работата на ЕУЛЕКС и КФОР на терен и повикуваме на целосна истрага, додаде еврокомесарот.
I strongly condemn the attack against #Kosovo Police in N🇽🇰. Violence has to be ceased immediately✋
I send my deepest condolences to family of 🇽🇰Policeman died this a.m. & wish a fast recovery to injured. We support the work of EULEX&KFOR on ground as we call for full investig. https://t.co/shAl4Mvd53
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) September 24, 2023
„При извршување на полициски работи, во 02:34 часот во Северна Митровица, единицата за брза интервенција на граничната полиција забележала дека на влезот во село Бањска, на мостот се поставени два тешки камиони (без регистарски ознаки), а влезот на мостот бил блокиран“, соопшти косовската полиција и додаде дека три единици се упатиле во правец на локацијата.
„Веднаш штом пристигнале на местото на блокадата, наишле на отпор, при што од некои позиции било пукано од различен арсенал на огнено оружје, вклучително и рачни бомби и пиштоли, при што биле застрелани двајца полицајци“, се вели во соопштението.
Полициските единици, како што тврдат, реагирале во самоодбрана и успеале да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на погодените колеги.
„Повредените полицајци се извлечени од локацијата и пренесени во Регионалната болница во Јужна Митровица, каде лекарот констатирал смрт на едниот, додека другиот е повреден“, се вели во соопштението.
Косовската полиција потврди дека е убиен еден од напаѓачите.