Враќањето на Вардар во македонската фудбалска Прва лига донесе и императив за подобрување на квалитетот на екипата, а од денеска и официјално дел од неа ќе биде Бразилецот Педрињо.

22-годишниот офанзивен играч за врска ги одработи подготовките за новата сезона со црвено-црните и стручниот штаб предводен од Бобан Грнчаров решил да му понуди договор за актуелната сезона.

Лелис Фигуередо Педрињо ќе го освежи офанзивниот дел на Вардар, а негов последен клуб бил Минор Перник.