👁️  12

Израелските акции во Газа излегоа „надвор од рамката на самоодбрана“ и израелската Влада мора „да престане со колективното казнување на луѓето во Газа“, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонскиот разговор со неговиот саудиски колега, принцот Фајсал бин Фархан.

„Израел треба сериозно да ги послуша повиците на меѓународната заедница и генералниот секретар на ОН и да престане со колективното казнување на народот во Газа“, додаде Ванг Ји.

Ова се досега најострите коментари на официјален Пекинг за последниот конфликт меѓу Израел и Хамас, кој избувна по саботниот масакр врз израелските цивили на југот на таа земја.