👁️  103

Феде Валверде вели дека не ни размислува за понудите од Премиерлигата бидејќи игра во гигант како Реал Мадрид и среќен е.

Валверде синоќа постигна убав гол во победата на Реал Мадрид од 2-1 над Реал Сосиедад.

Во изминатиот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Ливерпул. Па вчера беше запрашан за понудите од Премиерлигата.

„Понудите од Премиерлигата? Имам можност да играм за Реал Мадрид. Денот кога нема да се чувствувам така, веројатно ќе разгледам други опции или Реал самиот ќе најде некоја опција за мене“, изјави Валверде.