👁️  19

Килијан Мбапе се реши да не потпишува нов договор со Пари Сен Жермен, но во исто време сака да го испочитува сегашниот според кој треба да остане во оваа средина до 2024 година.

Ова е сосема спротивно од она што го посакуваат „светците“ кои не сакаат да го загубат без обештетување наредната година, па се отвори една „војна“ меѓу двете страни и останува да се види како истата ќе биде решена затоа што ако остане статус кво никој не добива.

Има некои опции за Мбапе кои медиумите ги најавуваат, ама јавна тајна е дека Реал Мадрид го чека на „Сантијаго Бернабеу“, поточно се чека датумот кога тој ќе пристигне во шпанската престолнина. Меѓутоа некои работи ќе мора да се средат за да се реализира една ваква зделка, а легендарниот Хорхе Валдано сам се понуди да му обезбеди превоз на напаѓачот од аеродромот.

– Ако луѓето се уште му се лутат, не грижете се, јас ќе го земам од аеродром, – рече Аргентинецот кој сепак не знае дали Французинот ова лето ќе дојде до Реал.

– Засега тоа не е така, во моментов тоа не е случај. Се надевам дека ќе стане, – порача Хорхе низ смеа.