Загрепската полиција ја уапсила пејачката Северина Вучковиќ. До апсењето дошло, како што дознава Јутарњи лист, откако добиле барање од колегите од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.
Според „Јутарњи.хр“, причина за се и повикот за претрес е непримерната расправија што се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на позната пејачка. Според пријавата на сестра и Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка.

Се се случувало доцна во ноќта, еден час по полноќ, кога се слушнала врева од станот. Двете, наводно, како што пријавила Маријана полиција, почнале да се тепаат и си удирале шлаканици, буквално по целиот стан.
Соседите ја слушнале вревата
За да откријат што точно се случувало новинарите од Јутарњи се јавиле на телефонскиот број во станот на мајката на Северина. Им се јавило женск лиц, велејќи дека сопственикот одмора, но дека не знаела ништо за тоа што ја прашале. Еден од соседите во зградата раскажал дека слушнал метеж, женски врисок и некое тропање, но дека „не го поврзале веднаш со инцидентот, а камоли со омилената Севе“.