👁️  5

Најмалку 41 мигрант загина откако се преврте и потона мал брод во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Тројца мажи и една жена биле спасени од бродот Римона.

Според преживеаните 45 луѓе, меѓу кои и три деца, тргнале со мал чамец од Сфакс, Тунис кон Европа. По шест часа пловидба, поради големи бранови чамецот се превртел и потонал. (МИА)