👁️  68

Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град.

Според видеото објавено на порталот „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка.

Медиумите објавија аматерски видеа на кои се гледа како човекот пука повеќе пати, а една белгиска телевизија објави дека двајцата убиени се Швеѓани.

16.10.2023, Belgium🇧🇪 – Sweden🇸🇪, Terriost attack in Brussels before match, 2 deads by gunshots pic.twitter.com/wRbeO9hABY

— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 16, 2023

Шведска требаше да одигра натпревар против Белгија подоцна вечерва на стадионот Хејсел, на околу пет километри од местото на нападот.

Портпаролката на полицијата изјави дека полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и го опколила.

Портпаролот на обвинителот рече само дека истрагата е отворена и оти засега не може да зборува за мотивот.

Белгискиот премиер Александар Де Кро на X изрази „најдлабоко сочувство до роднините на жртвите од кукавичкиот напад во Брисел“.

-Ги следам случувањата заедно со министрите за правда и за внатрешни работи од националниот кризен центар. Ја следиме ситуацијата и бараме од луѓето во Брисел да бидат внимателни, напиша тој.

🚨TERRORISTA À SOLTA EM BRUXELAS, CAPITAL DA BÉLGICA

🇧🇪 Terrorist on the run causes unease at King Baudouin Stadium, in Brussels.

O terrorista islâmico responsável pelo ataque terrorista em Bruxelas, capital da Bélgica, ainda está à solta, causando intenso nervosismo nas… pic.twitter.com/LtKh2C0yJ6

— Tarciso Morais (@TarcisoRenova) October 16, 2023