Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во 8 Гевгелија и Виница.

-Утрово е сончево и свежо. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.