Успешно реализирана акција под мотото ,,Предизвикај насмевка’’ на УМС ВМРО-ДПМНЕ
Успешно реализирана акција под мотото ,,Предизвикај насмевка’’ на Републичката комисија за спорт на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Акцијата беше спроведена на неколку локации меѓу кои беше и Општина Битола.
Комисија за спорт донира спортска опрема на лица кои се занимаваат со спорт и кои ги негуваат спортските навики.
Комисијата за спорт секогаш е на страната на спортистите и се залага за сите млади спортисти!
Акцијата во Битола беше спроведена од заменик-претседателката на Републичката Комисија за спорт, Викторија Брдаровска и членовите на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, Јована Стојанова и Никола Ристевски и Јована Зиковска, а донираа и други членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола.