👁️  1741

На социјалните мрежи се шират фотографии и статуси поврзани со смртта на 25 годишно момче од Берово.

Станува збор за Јован Димовски кој починал од сепса предизвикана на забар во штипската болница.

„Само во нашата држава0 ,само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со…. „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно….🖤, стои во еден од постовите посветени на прерано починатиот Јован.

Овој случај во моментов е проширен само на социјалните мрежи и нема официјален коментар од засегнатите институции.