👁️  5

Четири лица поврзани со копање тунел и упад во депото на Вишиот суд во Подгорица се уапсени по распит, соопшти шефот на Основното државно обвинителство во Подгорица, Душко Милановиќ.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ синоќа соопшти дека четири лица се на распит во Основното државно обвинителство, јави РТЦГ.

Претходно кривична пријава за злосторничко здружување, тешка кражба и спречување докази за соизвршителство е поднесена против четворица српски државјани, кои биле назначени како копачи на тунелот долг 30 метри. По нив е распишана потерница.