👁️  12

Фудбалерите од уругвајските прволигашки и второлигашки екипи едногласно одлучија да ги бојкотираат натпреварите кои требаше да се играат овој викенд незадоволни од условите предвидени во колективниот договор.

Колективниот договор меѓу сопствениците на клубовите и фудбалерите во Уругвај е непроменет од 2007 година што практично резултираше со замрзнување на платите на играчите.

– Принудени бевме на овој чекор за да го свртиме вниманието на постојниот проблем и да издејствуваме постигнување конечен договор, изјави генералниот секретар на Синдикатот на уругвајските професионални фудбалери Мичел Дуарте, напоменувајќи дека платите на играчите, особено во втората лига, се многу ниски.

Дуарте најави дека штрајкот ќе трае сè до постигнување нов колективен договор.