Поранешниот секретар на Владата на РМ, Драги Рашковски, е обвинет за незаконско тендерирање и набавка на софтвер, како и исплата на хонорари од кои зел за себе, а тој нема одговори на прашањата поради кои е во судница.
Рашковски бил прашан дали и натаму семејството Рашковски управува со возилото „Волво“ во сопственост на фирмата „Г.Б.Ц. системи“ од која фирмите кои добивале тендери набавувале софтвери, кабини, камери…
На прашања на новинар надвор од судницата, Рашковски одејќи одговорил:
„Читајте убаво, гледајте, следете, немојте селективно да давате ваши коментари, благодарам“.