Активистите за правата на животните „полуделе“ кога меѓу нив на сред протест во Њујорк прошетал човек кој јадел ќебап.

Мажот со насмевка на лицето јадел месо пред веганите и ги провоцирал додека тие налутено му викале и го навредувале.

Видеото е објавено на Твитер и е прегледано 2,5 милиони пати.

„Одвратен си. Што мислиш ти, кој си? Ти си кукавица. Ти си го*но и треба да ти биде срам.

Знаеш ли што ќе направам? Ништо, а ти ќе умреш сам“, му вели една демонстрантка.

Ситуацијата излегла од контрола кога друга демонстрантка почнала да му вреска во лице на момчето.

„Добро ли е чувството? Твојот начин на убивање на животните, добро ли е тоа чувство покрај вегани?“, вели жената.

На снимката се гледа дека во близина има и полиција, а момчето кое јадело месо пред веганите воопшто не обрнувало внимание на коментарите.