👁️  19

Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна тревога низ Украина, која била укината околу еден час подоцна.

„Уште еден ракетен напад на непријателот против мирен град со цел да се убие цивилното население и да се уништи инфраструктурата“, напиша шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека според првичните податоци, во главниот град на Украина нема жртви или штети. Останува нејасно колкав е обемот на нападот.  (МИА)